Блокотехна немаше одбрана за Симоновски, МЗТ го отвори полуфиналето со победа

MZT-Blokotehna

Актуелниот шампион МЗТ Скопје ја започна полуфиналната серија во плејофот со победа над Блокотехна, изразена со резултат 80:74.

МЗТ ја отвори полуфиналната фаза со посакуван триумф пред своите навивачи, во натпревар на кој на полувреме водеше со 45:39, а Блокотехна беше рамноправен противник до самиот финиш. Деветтата тројка на Марко Симоновски постигната на 3:30 минути до крајот го одведе МЗТ на 68:62, а потоа гостите не успеаја да се вратат резултатски и мораа да го прифатат првиот пораз во дуелот со македонскиот првак.

MZT-Blokotehna2

Симоновски беше најдобар поединец откако постигна 27 поени, поточно девет тројки од дванаесет обиди и за него одбраната на Блокотехна немаше одбрана. Втор според реализацијата беше Трајковски со 17 поени, додека Бојиќ и Синовец постигнаа по 11 поени.

Кај гостите, одличен натпревар одигра Ѓуроски со 21 поен, а Мијатовиќ ја заврши средбата со 16 поени.

MZT-Blokotehna1

Facebook Коментари