Блокотехна не го преживеа последниот период и остана без финале во БИБЛ лигата

blokotehna

Македонскиот преставник, Блокотехна не успеа да се избори за финале на завршниот турнир во БИБЛ лигата. Во денешниот прв натпревар на завршниот фајналфор во Самоков (Бугарија) пулените на Марјан Илиевски загубија од Левски Лукоил со 85-81.

Клубот од Гевгелија водеше три четвртини, но не ги преживеа последните 10 минути и бугарскиот состав со 31-23 дојде до мечот за титула во ова натпреварување. Аврамов со 26 и Маринов со 19 поени беа најефикасни кај победниците, додека за Смит со 21 поен и Главчев со 19 ја предводеа листата на стрелци.

Facebook Коментари