Блокотехна со лекција за Башкими за втора БИБЛ победа

Bloko - Tirana

Со предноста 49:35 уште на полувреме, македонскиот клуб Блокотехна ја најави доминацијата против Башкими во БИБЛ, а на крајот стигна до убедлива победа 93:71 во балканското кошаркарско натпреварување.

Блокотехна резултатски ги доби сите четири периоди и во ниту еден момент не постоеше дилеми околу победникот, со што македонскиот претставник стигна до втората победа во исто толку настапи во БИБЛ.

Мијатовиќ со 27 беше најефикасен во редовите на победничкиот тим, а се истакнаа и Бенџамин со 2о поени и Мелори со 19 поени. За Блокотехна ова беше втора победа во БИБЛ и вкупно четврта на почетокот на новата сезона.

Facebook Коментари