Блокотехна со кошаркарска лекција за Куманово

blokotehna

Кошаркарите на Блокотехна остварија убедлива победа над Куманово (103:77) во рамките на последниот натпревар од 4. коло на македонската кошаркарска Супер лига.

Во пресрет на дербито со Работнички, Блокотехна немаше милост за гостинската екипа и тоа најмногу во второто полувреме кое победникот го доби со 57:33.

Двејн со 22, Боуен со 21 и Мијатовиќ со 20 поени го предводеа тимот на Блокотехна, додека во редовите на Куманово, најдобри реализатори беа Ѓекиќ со 15 и Јанески со 14 поени.

По оваа победа, Блокотехна има бод предност пред третопласираниот МЗТ Скопје, а веќе по два дена ќе го пречека и лидерот Работнички.

Facebook Коментари