Блокотехна ја збриша Тирана на дебито во БИБЛ лигата

Bloko - Tirana

Екипата на Блокотехна со убедлива победа над Тирана го започна своето патување во БИБЛ лигата.

Македонскиот претставник пред своите гледачи „испука“ стотка и славеше со 100-68. Избраниците на Марјан Илиевски го најавија триумфот уште во првите 20 минути во кои постигнаа 54 поени, поточно на одмор заминаа со плус 18 (54-36).

Во третиот период пак го докусурија противникот со 30-9 и со тоа потврдија каде ќе заврши целиот плен.

Првата петорка на Блокотехна беше двоцифрена, прв стрелец беше Бенџамин со 25 поени на кои придодаде 9 скокови, 4 скокови и 1 блокада. Кај Тирана се издвои Хисенаголи со 33 кошеви.

Следниот противник на клубот од Гевгелија е Башкими.

Facebook Коментари