Блокотехна ја продолжи победничката низа и обезбеди пласман на завршниот турнир во БИБЛ лигата

blokotehna radost

Македонскиот претставник Блокотехна е првиот состав кој обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор турнир во БИБЛ лигата.

Ова доаѓа по седмата победа во низа на клубот од Гевгелија и тоа над Ибар од 90-79. До оваа победа домашните дојдоа со многу подобра игра во вторите 20 минути (45-32) со што уште една потврдија дека се наоѓаат во извонредна форма.

Мијатовиќ имаше дабл-дабл ефект од 26 поени и 10 скокови, а нашиот репрезентативец Ѓуровски реализираше 22 кошеви. Симонс на другата страна блескаше со 34 поени и 5 асистенции за 40 минути на паркетот.

Facebook Коментари