Блокотехна го загуби дербито со Рилски и првата позиција во БИБЛ

blokotehna tajm-aut

Кошаркарите на Блокотехна со драматичен пораз од Рилски Спортист од 85-84 го завршија основниот дел во БИБЛ лигата.

Ова за клубот од Гевгелија прв пораз на домашен терен и тоа во најлош момент, бидејќи со ова го загубија првото место на табелата во ова натпреварување пред завршниот турнир. Тејлор на пет секунди до крајот ги постигна победничките поени за бугарскиот тим по што Мијатовиќ имаше неуспешен обид за три за триумф.

Казарновски со 21 и Мијатовиќ со 20 поени беа најпрецизни кај Блокотехна, додека Рајт со 23 кошеви и 7 асистенции беше најдобар кај Рилски.

Facebook Коментари