Поврзете се со нас

Италија

Близок соработник на Конте: Мислам дека ќе се врати во Премиер лигата

Објавено

на

Антонио Конте и натаму тактизира околу преземање на некој клуб, а изминатите месеци беше поврзуван со навистина голем број екипи, вклучувајќи го и Баерн Минхен.

Сепак, поранешниот директор на Рома и близок пријател на Конте, Џанлука Петраки, изјавил дека очекува трофејниот тренер наскоро да се врати во Премиер лигата.

– Конте е многу амбициозен човек и пред да прифати нова работа, детално ќе анализира што се случува во тој клуб.

– Мислам дека ќе се врати во Премиер лигата, затоа што во Италија има многу приказни, а малку фудбал. Секако дека Италија би му била приоритет ако има некој сериозен проект, но во моментов не гледам клуб кој би успеал да го ангажира, – рекол Петраки.

Последниот ангажман на Конте беше во Тотенхем, а зад себе има една титула во Премиер лигата и четири во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни