Поврзете се со нас

Свет

Близок роднина на Меси откри колкави се шансите тој да ја заврши кариерата во Аргентина

Објавено

на

Лионел Меси долги години е дел од Барселона и сите навивачи на шпанскиот великан сакаат тој да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“.

Меѓутоа кога е во прашање Аргентинецот секогаш е отворена опцијата за негов кам-бек во неговата татковина, односно се посочуваат некои негови изјави, желби дека би сакал да се врати дома и заигра за неговиот омилен клуб за кој настапуваше во детството Њуелс Олд Бојс.

Ама според Макси Бианкучи кој е братучед на ѕвездата на Барселона, таа опција е комплицирана, тешко остварлива поради сите несигурности, проблеми кои ги има во Аргентина.

-Да не беше несигурноста, не се сомневам дека тој би играл во Аргентина, тоа е единствената работа што може да влијае врз тоа да се врати.

-Мојот сон е да го видам во Њуелс Олд Бојс. Тешко е, замислете ако Меси играше класико, децата треба да одат на училиште … во градот е лудило, -истакна Бианкучи кој се потсети на времето кога со Лео биле деца.

-Играше со нас. Бевме поголеми од него и тие ми рекоа: Тргни го затоа што ќе го убиеме. Тој имаше осум или девет години и јас станував рано секоја сабота за да го гледам како игра. Тој правеше неверојатни работи. Не можев да верувам, -дополни Макси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни