Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Близнаците“ Тросар и Турпан предизвикаа ерупција на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Леандро Тросар ја искористи повредата на Габриел Мартинели и се најде во стартната постава на Арсенал за ревашнот со Порто, а тој се покажа како клучен играч за креирање на пресврт на „Емирејтс“.

Белгиецот го постигна голот со кој Арсенал се избори за продолженија во Северен Лондон, но покрај добрата игра која ја прикажа, крилото на „топчиите“ го привлече вниманието и поради „двојникот“ кој го имаше на теренот.

Интересно, Белгиецот Тросар и францускиот судијата Клеман Турпан неверојатно потсетуваат еден на друг, па социјалните мрежи еруптираа со споредби меѓу двајцата.

На дел од фотографиите главниот судија и ѕвездата на Арсенал изгледаат како близнаци, а поради фактот што повремено имаа и комуникација на теренот, фановите се шегуваа дека тоа бил разговор меѓу татко и син.

Инаку, Тросар го постигна голот во првото полувреме, а беше изваден од Артета на стартот на второто продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни