Поврзете се со нас

Европски првенства

Блинд со порака до аналитичарите кои го отпишаа Ериксен: Оставете го на мира!

Објавено

на

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен имаше срцев удар за време на првата средба на неговата селекција против Финска на Европското првенство по што лекарите мораа да го спасуваат неговиот живот на тревникот на „Паркен“.

За среќа не се случи најлошото, па офанзивецот потоа беше однесен во болница каде мина неколку денови по што сега е пуштен на домашно лекување. Во изминатиов период откако се случи тој настан видовме многу имиња како говорат за Ериксен и како тоа дека фудбалската кариера е завршена особено откако сега има вграден „ICD“ уред (Имплантиран кардиовертер дефибрилатор) кој треба да превенира нови проблеми со срцето во иднина.

Холандскиот репрезентативец, Дејли Блинд исто во минатото имаше проблеми со срцето и исто има уред на себе, ама еве го активен е на теренот и игра како за Ајакс така и за националниот тим, па тој им испрати порака на сите „аналитичари“ кои го отпишаа Данецот.

-Сликите од Копенхаген – како Кристијан лежи на тревата – имаа големо влијание врз мене. Тие слики беа препознатливи за мене. Повторно беше толку реално, затоа беше толку емотивно за мене. Морав да прескокнам голема, ментална пречка пред да успеам да играм за Холандија наредниот ден на нашиот прв натпревар во групата.

-Излегоа сите емоции. Горд сум на себе што успеав да играм толку долго на тој натпревар. Јас го сторив тоа, но беше тешко. Кога ми се случи ова, целиот свет ми велеше дека сум завршен како играч, дека нема да можам да играм повторно. Погледнете каде сум денеска. Затоа им велам на сите: „Остави го Кристијан на мира, -вели Блинд притоа зборувајќи за своето искуство:

-Се чувствував подготвен и се чувствував пријатно да се вратам откако добив зелено светло од лекарите во болницата и медицинскиот персонал во Ајакс. Немаше причина зошто да не можам повторно да играм на врвно ниво. Најважно е да мора да се чувствувате слободни во вашата глава.

-Немав страв. Само бев неверојатно среќен што ми дозволија повторно да бидам дел од составот и да се вратам во тимот. Штом лекарите ви кажат дека сте во ред да играте повторно, вие чувствувате само напнатост и возбуда од играњето, а не напнатост од страв, -заклучи Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни