„Блицкриг“ на Ливерпул во Салцбург, Милик со хет-трик донесе победа за Наполи (Видео)

liverpul

Екипите на Ливерпул и Наполи не дозволија изненадувања, го оправдаа статусот на фаворити и победија на вечерашните пресметки со Салцбург и Генк и на тој начин обезбедија пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Ливерпул во еден отворен натпревар со многу шанси на двете страни славеше на гостувањето во Австрија кај Салцбург со 2-0. На актуелниот европски шампион му беа потребни две минути, односно во 57 и 58 даде два головите преку Кеита и Салах што беше повеќе од доволно за славје и место број еден во групата Е.

Во Неапол пак домашниот состав го надигра Генк со 4-0. Полскиот репрезентативец, Милик беше во центарот на вниманието со хет-трик кој го реализираше до 38 минута. Точка на шоуто стави Мертенс од пенал во 75 минута.

Ливерпул оваа група ја заврши со 13 бода, Наполи собра 12, Салцбург застана на 7 и оди во Лига Европа, додека пак еден поен освои само Генк.

Facebook Коментари