Блесна новиот салон на Хјундаи во Македонија

mida hjundai

Добро познатите корејски автомобили од Хјундаи од 2020 година во Македонија ќе бидат комерцијализирани од страна на нов овластен импортер, Ми-Да Гранд Моторс. На 23 јануари оваа година, оваа компанија го промовираше новиот салон наменет исклучиво за овој бренд, лоциран во Скопје на улица „Босна и Херцеговина“.

Во поздравниот говор на генералниот директор Дритон Заири беше нагласено дека отсега Ми-Да Гранд Моторс воедно е и единствен овластен сервис за возилата во гарантен период, но и за сите други возила од брендот Хјундаи.

– Горди сме што во нашиот центар ќе можеме да ги нудиме и возилата на Хјундаи. Тоа говори за сериозноста на Ми-Да Гранд Моторс, да биде прва на балканскиот пазар,- рече Заири.

Истовремено, тој најави дека од повеќе модели на Хјундаи имаат регистрирани тест возила и ја повика пошираката јавност на тест возења.

– Ова ја покажува и нашата сериозност да понудиме квалитетен сервис за нашите клиенти, да понудиме врвна услуга и да создадеме задоволни клиенти. Ги повикуваме граѓаните да создадат ново искуство во автомобилскиот свет,- додаде Заири на промоцијата.

Компанијата Ми-Да Гранд Моторс продолжува да биде и овластен импортер и сервисер на возилата од брендот Форд, како и на користени половни автомобили од брендот Аутото.

Driton Hjundai

Facebook Коментари