Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Блескава партија: Вардар го преслуша лидерот во групата и ја прекина црната серија во ЛШ

Објавено

на

Вардар на најдобар можен начин се враќа во игра за нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако македонскиот првак го покажа своето најдобро лице, она од стартот на новата сезона во најелитното натпреварување.

„Црвено-црните“ влегоа во длабока резултатска криза под водсто на Веселин Вујовиќ и тоа резултираше со разделба, а сега на стартот на вториот дел од сезоната, Вардар тргна триумфално со тренерот Дејвис.

Македонскиот тим успеа да оствари огромна победа против Монпелје и ја разжести борбата за првото место во групата, но истовремено, се искачи на шестото место, она последното кое води во наредната рунда во најелитното натпреварување.

Вардар одигра комплетен меч од почеток до крај и триумфот го најави уште во првиот дел кога блескаше Томовски, бидејќи голманот запиша осум интервенции и беше најзаслужен за водството од 10:14 на паузата.

Избраниците на Дејвис продолжија во исто темпо и ги користеа грешките на домаќините на стартот на вториот дел за максимални плус осум на семафорот, по што следеше опуштање кое резултираше Монпелје да се избори за подостоен пораз (25:28).

Вардар на овој начин стави крај на ужасната серија од седум последователни порази во Лигата на шампионите, а интересно истата ја затвори против тимот кој прв им нанесе пораз на „црвено-црните“ оваа сезона.

Томовски го заврши мечот со 13 интервенции, Њокас постигна пет погоодци, а извонредни беа и Стоилов и Тото со по четири реализации во нападот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни