Поврзете се со нас

Свет

Блескава партија на репрезентативецот: Ѓуроски „испука“ шест тројки против Бреоган

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски имаше блескава партија против Бреоган во полуфиналето на плејофот во втората лига на Шпанија.

Ѓуроски беше прв стрелец во возбудливата пресметка во Луго со шест постигнати тројки од осум обиди или севкупно 23 поени на кои додаде 5 скока и 1 асистенција. Меѓутоа ова негово издание не беше заокружено со славје на Аликанте кој во драматичен финиш загуби со 88-87 и сега е во негатива од 1-0 во серијата.

Меѓутоа ништи не е загубено за Столе и пријателите кои во сабота на домашен терен пред своите навивачи ќе можат да го возвратат ударот и останат во игра за пласман во АЦБ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни