Поврзете се со нас

Боречки спортови

Блескав настап на таеквондистите од Охрид на престижниот турнир во Зворник: Гран При пехар за најдобар тим

Објавено

на

Таеквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, Охрид, се претставија во блескаво светло на неодамна завршениот Меѓународен ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“.

На турнирот кој се смета за најсилен во пролетната натпреварувачка сезона на Балканот, а е меѓу најдобрите и во Европа, таеквондистите од Лескоец под водство на нивниот тренер, Марјанчо Лазаревски (црн појас V дан) освоија вкупно 23 медали.

Во конкуренција од над 400 натпреварувачи од 12 европски земји, младите таеквондисти освоија 11 златни, шест сребрени и шест бронзени медали. За успехот да биде уште поголем, Христијана Парулеска освои пехар за најдобар женски кадет од 11 до 13 години, а на крајот на турнирот на целиот тим му беше доделен и Гран при пехарот за најдобар клуб на натпреварувањето.

Ова е уште еден огромен успех за таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лeскоец кој неодамна учествуваше и на Европско првенство на кое се закитија со три сребрени медали кои имаа златен отсјај.

Освоени награди:

Пехар за најдобар клуб, Прво место во севкупен пласман на „3 Гран При Зворник 2022“

Христијана Парулеска

  • Пехар за најдобар женски кадет 11-13 години
  • Златен медал во дисциплината форми- црвен појас, женски кадети (11-13 години)
  • Златен медал во дисциплината борби до 45 кг, женски кадети (11-13 години)

Софија Колушоска

  • Златен медал во дисциплината форми- син појас, женски кадети (11-13 години)

Бојана Китаноска

  • Златен медал во дисциплината форми- жолт виши појас, девојчиња (8-10 години)
  • Златен медал во дисциплината борби до 25 кг, девојчиња (8-10 години)

Тамара Тодороска

  • Сребрен медал во дисциплината форми- жолт виши појас, девојчиња (8-10 години)

Давид Ристески

  • Златен медал во дисциплината форми жолт виши појас, деца (8-10 години)

Стефан Чулчески

  • Бронзен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, деца (8-10 години)

Теодора Тодороска

  • Сребрен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, женски кадети (11-13 години)

Филип Зенгоски

  • Златен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, кадети (11-13 години)

Димитар Андрески

  • Бронзен медал во дисциплината борби до 40 кг, кадети (11-13 години)

Климент Богоески

  • Златен медал во дисциплината форми- жолт појас, кадети (11- 13 години)
  • Златен медал во дисциплината борби до 55 кг, кадети (11- 13 години)

Теодора Митреска

  • Сребрен медал во дисциплината борби до 60 кг, јуниорки (14-15 години)

Филип Митрески

  • Бронзен медал во дисциплината борби над 60 кг, кадети (11-13 години)
  • Бронзен медал во дисциплината форми- жолт виш појас, кадети (11-13 години)

Лука Тодороски

  • Бронзен медал во дисциплината борби до 50 кг, кадети (11-13 години)

Михаил Јоноски

  • Бронзен медал во дисциплината борби до 65 кг, јуниори (14-15 години)

Владимир Димитриевиќ

  • Сребрен медал во дисциплината борби до 60 кг, јуниори (14-15 години)

Елена Јанеска

  • Златен медал во дисциплината форми- црн појас I дан, јуниорки (14-15 години)
  • Сребрен медал во дисциплината борби до 65 кг, јуниорки (14-15 години)

Давид Крстески

  • Златен медал во дисциплината борби до 60 кг, јуниори (14-15 години)
  • Сребрен медал во дисциплината форми- црн појас I дан, јуниори (14-15 години)
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни