Поврзете се со нас

Свет

Блеска во дресот на Баерн Минхен, но вратите од репрезентацијата ќе му останат затворени

Објавено

на

Многу од репрезентациите уште од сега размислуваат за плановите за Европското првенство кое поради пандемијата од коронавирусот е преместено за 2021 година.

Германија секогаш е фаворит за освојување на едно големо натпреварување, а Јоаким Лев веќе почна да прави промени во тимот кој разочара на Светското првенство.

Лев минатата година ја шокираше јавноста кога се реши да ги изостави Томас Милер, Жером Боатенг и Матс Хумелс од репрезентацијата.

Боатенг и Хумелс играат „топло-ладно“, но она што изненадува е формата на Томас Милер кој блеска оваа сезона под водство на Ханси Флик.

Милер има 18 асистенции во Бундеслигата оваа сезона и е најдобар асистент во Европа, но тоа не му помогна да се врати во репрезентацијата.

– Среќен сум поради Томас, неговите игри се одлични, но Лев донесе јасна одлука. Играчите кои се повикувани во последно време ја имаат довербата на селекторот. По тешкиот момент сакаме да им дадеме прилика на младите, -изјави Оливер Бироф, директорот на репрезентацијата на Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни