Блеф или случајност? Коста сепак патува на гостувањето кај Арсенал

diego-costa1

Атлетико Мадрид ќе биде посилен за Диего Коста на гостувањето кај Арсенал во полуфиналето на Лига Европа кое ќе се игра во четврток.

Оваа вест не би била изненадувачка, ако пред неколку дена Атлетико не ги информираше медиумите дека шпанскиот репрезентативец е повреден и нема да биде подготвен за оваа средба.

Но, пред патувањето во Лондон, Диего Симеоне го објави составот во кој се наоѓа и Коста, па медиумите веднаш потенцираа дека тренерот на шпанскиот клуб блефирал и сакал да го изненади противникот со наводното побрзо заздравување на својот голгетер.

Facebook Коментари