Македонија
Блажевски ја заврши фудбалската кариера

Дејан Блажевски реши да ја заврши својата фудбалска кариера, а тоа денеска го потврди и неговиот последен клуб Вардар.
„Црвено-црните“ го испратија популарниот „Шиле“ во пензија, заблагодарувајќи му се за несебичното залагање за Вардар, клубот чиј капитен беше изминатиот период.
Блажевски ќе добие функција во редовите на ФК Вардар, со чија екипа освои три шампионски титули, а беше и дел од генерацијата која избори пласман во групната фаза на Лига Европа.
– За капитенот на нашиот тим Дејан Блажевски ова беше последна сезона во дресот на Вардар и популарниот “Шиле“ ја завршува својата активна играчка кариера.
Тој го носеше црвено-црниот дрес во два наврати на вкупно 155 натпревари на кои што постигна 45 голови и освои три шампионски титули во дресот на нашиот клуб.
– Засекогаш ќе биде запаметен како дел од генерацијата која што го направи најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа.
Шиле, во името на фудбалскиот клуб Вардар и на сите навивачи и симпатизери ти се заблагодаруваме за секој гол, за секоја асистенција и за секоја минута помината во светиот црвено-црн дрес.
Вистински капитен, секогаш пример за помладите позади себе оставаш многу убави спомени за идните вардарови генерации.
– Се надеваме дека ќе уживаш во спортската пензија и воедно ти посакуваме многу успех во наредната функција која што ќе ја имаш во нашиот клуб, – стои во пораката на ФК Вардар упатена до Блажевски.
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 10 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Светпред 12 часа
Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата