Блажевски го продолжи договорот со Вардар до крајот на сезоната

Vardar-Malme-Nikolov

Вардар во текот на вчерашниот ден се ослободи од Џигаури и Итало со цел да им даде шанса на играчите од младинскиот погон во вториот дел од сезоната во македонската фудбалска лига, период во кој дел од актуелниот фудбалски шампион ќе биде и натаму Дејан Блажевски кој денеска стави потпис на нов договор.

Популарниот „Шиле“ имаше договор со клубот до јануари, но сега двете страни се согласија да ја продолжат соработката до крајот на сезоната со цел да се задржат шансите за титулата кои сигурно ќе бидат значително поголеми со оглед на искуството на Блажевски.

– Вардар ми понуди нов договор, и прифатив да останам. Вардар е мој клуб, тука ја почнав мојата кариера, и среќен сум што останувам во мојот тим. Договорот е до крајот на сезоната, и посакувам уште многу настапи и уште многу голови во дресот на Вардар, и сигурно се надевам на уште една шампионска титула и на освојување на Купот на Македонија, – порачува најдобриот стрелец на „вардарци“.

Facebook Коментари