Светски првенства
Блажевиќ ја соопшти горката вистина: Имам метастази, не ми е до фудбал!
Прославениот екс-ју фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ имаше многу успешни моменти во кариерата, но круна на неговата работа беше освоеното трето место во 1998 година на светското првенство во Франција, како селектор на Хрватска.
Одговарајќи на новинарскиот повик од српскиот портал „Курир“, Блажевиќ изнел непријатни вести за својата здравствена состјба, откако порано во два наврати ги добиваше битките со подмолната болест.
– Сине, полошо ми е од порано. Се ближи крајот, не можам да лажам дека сум добро, кога не сум. Црниот дроб ми е полн со метастази, не ми е до фудбал,- гласи изјавата што е пренесена во медиумите.
Претходно Блажевиќ имаше забележителни пораки за поддршка до селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, потсетувајќи ги сите на неговата величина и како поранешен фудбалер кој им даде два гола на Шпанците во Италија 1990 година.
Хрватскиот фудбалски сојуз минатата година го назначи за „почесен селектор“ на националниот тим.
-
Светски првенства21 час
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија18 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
ВТА23 часа
Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)
-
Англија19 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија10 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Шпанија20 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ за своите испади на теренот: Свесен сум дека не се претставувам себе на најдобар начин