Поврзете се со нас

Македонија

Блажески уште две години ќе го чува голот на Бутел

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Бутел продолжи да го гради составот за наредната натпреварувачка сезона, а најновата вест е дека е продолжен договорот со голманот Бојан Блажески.

Блажески кој веќе четири сезони е во оваа екипа се согласи да потпише нов договор кој е со важност од две години, односно тоа значи дека со Градимир Чаневски ќе бидат последниот одбранбен бедем.

-Од самото постоење сум член на Бутел. Минав 4 години , бев присутен на сите порази и победи на клубот. Се гледам во Бутел затоа што тука напредувам , учам од поискусните и ги надоградувам недостатоците за успешна караиера. Најдобрите успеси на Бутел допрва следуваат и се надевам на поуспешна сезона од ланската, -вели Блажески.

Предтходно клубот освен Чаневски го ангажираше десниот бек Денис Тот, нови договори потпишаа Владимир Јевтиќ, Јовица Младеновски, додека пак си заминаа Едвин Омерагиќ, Христијан Милошески, Горан Печенковски, голманот Златко Даскаловски и Душан Трифковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни