Блатер откри каква бесна порака добил од Перез поради тоа што го исмеа Роналдо

blater-perez

Сеп Блатер како претседател на ФИФА имаше еден невообичаен говор на предавање во Оксфорд во 2013-та година, бидејќи направи една неадекватна споредба меѓу двајцата најдобри фудбалери во светот.

Тогаш Блатер го претстави Меси како играч кој секој би сакал да го има во својот тим, додека Роналдо го нарече „командант“ и неговите потези на теренот ги спореди со робот, притоа опишувајќи го сето тоа со смешни гестикулации. Ваквиот потег на Блатер воопшто не му се допадна на Роналдо кој подоцна ја освои „Златната топка“, но сега Сеп за првпат откри каква реакција имал Флорентино Перез.

– На студентите им порачав дека двајцата се многу добри, но дека Меси е синот кој го посакува секој родител, а нагласив дека Роналдо има роботски потези. Кристијано не беше задоволен од тоа, а уште помалку претседателот на Реал МАдрид. Бев почесен член на Реал Мадрид, а останав и после тоа. Флорентино беше многу лут, ми порача дека не смеам да кажам такво нешто како почесен човек на клубот. Беше многу лут и побара од мене веднаш да излезам со појаснување за обраќањето. Набрзо после тоа, Роналдо ја доби „Златната топка“ и се беше заборавено, – објаснува Блатер.

Facebook Коментари