И Блатер е против технологијата: Ќе биде грешка да се користи ВАР на Мундијалот во Русија

sep-blater-329328923

Долгогодишниот претседател на ФИФА Сеп Блатер е против употребата на ВАР на Светкото првенство во Русија годинава.

Блатер во негово време не дозволуваше воведување на технологија во фудбалот, тврдејќи дека и без ВАР фудбалот е фер игра.

– Не може да го користите Светското првенство да правите тестови. Ќе биде грешка да се користи ВАР во Русија. Системот сè уште не е разјаснет и во многу земји различно се користи – изјави поранешниот претседател на ФИФА за „Билд“.

Блатер си поднесе оставка на претседателската функција во ФИФА во 2015 година, набрзо откако го почна петтиот претседателски мандат. Подоцна истата година, ФИФА го суспендираше на осум години поради корупција.

Facebook Коментари