Поврзете се со нас

НБА

Блат: Џордан сигурно денеска би давал по 50 поени…

Објавено

на

Американскиот кошаркарски стручњак, Дејвид Блат верува дека легендарниот Мајкл Џордан би „грмел“ и би бил незапирлив во денешната кошарка.

Блат како многумина низ светот внимателно го пратеше документарецот „Последниот танц“ посветен на Џордан и Чикаго Булс што беше само уште една потврда за многумина зошто легендарниот Ем-Џеј е „GOAT“, најголем на сите времиња.

-Џордан во денешната кошарка би давал по 50 поени по натпревар. Тоа единствено го можеше Вилт Чембрлејн во 60. години од минатиот век.

-Денеска би го испраќале на линијата за слободни фрлања барем 25 пати по натпревар, а би ги шутирал со 80 проценти за разлика од Чембрлејн кој беше на околу 50 проценти, -истакна Блат кој од 2014 до 2016 година беше во НБА во составот на Кливленд Кавалирс каде директно соработуваше со Леброн Џејмс кого многумина го споредуваат со Џордан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни