Свет
Бјелса изгледа непрепознатливо, фановите загрижени за неговиот изглед (Фото)

Легендарниот аргентински стратег, Марсело Бјелса извесен период беше далеку од очите на јавноста по неговото заминување од тимот на Лидс Јунајтед.
Сега, името на популарниот „лудак“ повторно се поврзува со тренерски ангажман и тоа во тимот на Атлетик Билбао.
Дека има вистина во шпекулациите дека Бјелса би можел да седне на клупата на баскискиот тим потврди и самиот стратег во видео кое беше споделено на социјалните мрежи.
Во видеото Бјелса потврди дека ќе го преземе Атлетик Билбао доколку на чело на клубот пристигне Ињаки Аречабалета, еден од луѓето кои се во трка за претседателската позиција.
Изборите во Атлетик за претседател ќе се одржат на крајот на оваа недела, па наскоро ќе биде познато дали Бјелса ќе биде нов тренер на познатиот шпански тим.
Сепак, она што ги загрижи фудбалските вљубеници е изгледот на Бјелса. Светот го знае како крупен човек, а на последното негово обраќање можеше да се забележи дека тој изгубил значителна телесна маса.
Засега нема некои назнаки дека Бјелса има проблеми со здравјето, но фановите нотираа дека наглото губање на килограми и тоа како може да биде загрижувачко.
Како и да е, Бјелса во своето обраќање посочи дека анализирал многу натпревари на Атлетик Билбао, што јасно покажува дека е подготвен повторно да преземе некој тим од највисок ранг.
-
Македонијапред 5 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 20 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 21 час
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Мото ГПпред 21 час
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Англијапред 19 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
АТПпред 23 часа
Надал: Ми пречи само едно нешто во односот кој го имаме со Федерер