Поврзете се со нас

Германија

Бјелица сака да го ангажира Барди за својот нов проект

Објавено

на

Ненаде Бјелица го презема Унион Берлин на крајот на месец ноември и ја доби битката со Раул Гонзалес, па така поранешниот тренер на Трабзонспор пред себе има еден од најголемите предизвици во кариерата.

Хрватот ќе го води тимот кој минатата сезона беше вистинска сензација во Германија, а иако во клубот е само неколку дена, веќе почнаа да се поврзуваат имиња кои тој би сакал да ги ангажира уште во јануари.

Турските медиуми информират дека Бјелица е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Енис Барди, фудбалер кој беше станарден во неговата постава во Трабзонспор, но кој во последно време добива се помалку шанси од неговиот наследник во Турција.

Абдулах Авџи му допушти само 16 минути на македонскиот репрезентативец на последните четири натпревари во Суперлигата, па токму затоа турските медиуми сметаат дека трансфер во Унион Берлин и соработка со хрватскиот стручњак ќе биде добра опција за сите страни.

Дел од медиумите пренесуваат дека клубот од Берлин веќе остварил иницијален контакт со Трабзонспор за евентуален трансфер, што отвора врата за прво искуство на Енис во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни