Поврзете се со нас

НБА

Бјелица го тресна на земја, па му продаде и баскет финта на Леброн (Видео)

Објавено

на

Голден Стејт го победи Лос Анџелес Лејкерс на премиерата на новата НБА сезона, а американските медиуми ги анализираат сите детали кои го одлучиле овој дерби дуел во „Стејплс“.

Покрај фактот што Стеф Кари го заврши натпреварот со трипл-дабл учинок, се истакнува и одличната игра на Немања Бјелица, кој имал дабл-дабл со 15 поени, 11 скокови и 4 асистенции.

Српскиот кошаркар доби комплименти и од тренерот Стив Кер, а фановите издвојуваат два момента од различен карактер поврзани со играчот на Вориорс.

Во последната четвртина, Бјелица најпрвин направи груб прекршок над Леброн Џејмс, по кој најголемата ѕвезда на Лејкерс се жалеше на повреда на рамото, за подоцна да испорача асистенција, пред која со својата финта го збуни Џејмс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни