Поврзете се со нас

Атлетика

Бизарна трка: Атлетичар го „собори“ рекордот на Болт, па излезе дека трчал 185 метри (Видео)

Објавено

на

Вистински бизарна ситуација се случи на атлетската трка на 200 метри во рамките на „Инспиративните игри“, откако американски атлетичар за момент беше прогласен за нов светски рекордер.

Ноа Лајлс долго ќе ја памети виртуелната трка, која се одржала на начин што секој од атлетичарите трча на различна патека во својата земја, додека сите го слушаат истовремено знакот за старт, a преку тв преносот се следат истовремено сите атлетичари кои имаат една третина од екранот.

Првично беше објавено дека Лајлс ја истрчал делницата од 200 метри за 18,90 секунди, што ќе значеше соборување на рекордот на Јусеин Болт кој изнесува 19,19 секунди.

Но, организаторите утврдиле дека Американецот трчал во погрешна патека, односно имал 15 метри предност, па на крајот истрчал 185 наместо 200 метри.

Покрај тоа што остана без „рекордот“, Лајлс остана и без победата, па и 10.000 долари награда која му беше доделена на победникот.

Во трката учествувале Кристоф Леметр и Чуранди Мартина кои трчале во Швајцарија, односно Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни