Поврзете се со нас

Свет

Бизарна ситуација во Африка: Капитенот на Гана промаши пенал во 96. минута, навивачите му фаќаа брутален сеир (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/GhanaBlackstars

Гана игра очаен фудбал веќе некое време и остана без пласман на Африканскиот Куп на нации, патешествие кое го заврши со срамен пораз на домашен терен.

Селекцијата на Гана претрпе пораз од Нигер во шестото коло од квалификациите (1:2) и заврши последна во својата група, па домашните навивачи во Акра решиле да си фаќаат сеир со новиот капитен на тимот.

Мохамед Кудус ги наследи капитенската лента и „10-та“ на Џордан Ају, но бидејќи тоа наиде на доста негодувања во Гана, сега донесе и една немила сцена.

Гана имаше шанса за реми против Нигер во 96-та минута, но Кудус промаши пенал и тоа наиде на воодушевување меѓу домашните фанови.

Навивачите на Гана го славеа промашувањето на својот капитен, па тоа најдобро говори во каква состојба дојде оваа респектабилна африканска селекција.

За првпат после 20 години, Гана нема да биде дел од завршен турнир на Африканскиот куп на нации, а за свои противници во групата ги имаше Нигер, Судан и Ангола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни