Поврзете се со нас

Олимписки игри

Бизарна ситуација на олимписките квалификации: Грузиец се обиде да си постигне автокош во последната секунда (Видео)

Објавено

на

Квалификацискиот турнир во кошарка за Олимписките игри секогаш е многу силен и неизвесен, а носи и драматични и несекојдневни ситуации за кои тешко се дава објективен коментар.

Словенија се спаси од елиминација и со висока победа над Нов Зеланд остана во игра за олимписка виза, додека таква среќа немаа Грузијците кои и покрај победата од 96:94, се спакуваа и се враќаат дома.

На Грузија и требаше победа од 19 разлика против Филипини за влезе во нокаут фазата за олимписка виза, а во последните секунди видовме ситуација каква ретко се гледа во кошарката.

Грузија водеше со плус два и кошаркарот на Филипини го промаши слободното фрлање, по што Гога Битадзе се обиде да си постигне автокош и да го однесе мечот во продолженија.

Играчот на Орландо сакаше да му даде шанса на својот тим да стигне до плус 19 во продолжението, но наместо тоа, имаше неуспешен обид да си постигне автокош, по што мечот заврши со минимална победа за Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни