Поврзете се со нас

Италија

Бизарна сцена на „Олимпико“: Лопез се посрамоти, Ибра не можеше да поверува што не претвори во гол (Видео)

Објавено

на

blank

Тренерот Фонсека имаше причина да биде нависитна бесен во првото полувреме, бидјеќи неговите играчи му овозможија безброј шанси на Милан во ситуација кога ја губеа топката на својата половина.

Гостите од „Сан Сиро“ имаа најмалку четири стопроцентни шанси во овој дел од играта и беше чудо што постигнаа само еден гол (погодокот на Кеси од пенал), но дефинитивно најнеобичен беше моментот од 5-та минута кога Пау Лопез и Златан Ибрахимовиќ режираа навистина несекојдневна сцена на „Олимпико“.

Вратената топка од Фацио беше доста ризична, голманот Лопез изреагира катастрофално со приемот на топката и истата му ја подари на Ибра, којпак не успеа да го совлада голманот на Рома иако имаше два обида.

Златан најпрво проба само да ја префрли топката преку голманот на домашниот тим, а потоа имаше и атрактивен обид со пета, кој за негова несреќа беше непрецизен и заврши крај дирекот.

Оваа необична ситуација беше најава за лоша вечер на искусниот напаѓач, кој во продолжение заработи повреда и мораше да го напушти теренот на стартот на вториот дел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни