Поврзете се со нас

Свет

Бизарна повреда ја шокираше цела Холандија: Дефанзивец на Херенвен во аут поради јадење моркови!

Објавено

на

Бизарните повреди се дел од професионалните кариери на фудбалерите, но последната која ни пристигнува од Холандија оди во самиот врв на листата од најнеобични ситуации во историјата на оваа игра.

Херенвен извесно време нема да може да смета на својот дефанзивец Рами Каиб, кој сега стана топ тема во фудбалска Холандија поради ексклузивата на еден познат новинар, а која во продолжение беше пренесена од сите угледни медиуми од оваа земја.

Роелоф де Врајс објаснува дека левиот бек на Херенвен заработил повреда во пределот на лицето поради удар кој го заработил во месец август, но сега успеал да си ја скрши вилицата како последица на таа повреда додека јадел тврди моркови.

– Каиб имаше удар во пределот на вилицата на натпревар кој се одигра пред извесно време. Тој продолжи да тренира и да биде дел од тимот, но му беше препорачано да внимава при јадење. За жал, јадел моркови и еден тврд морков му ја скршил вилицата. Сега ќе следи неколку неделна пауза, – вели новинарот.

Лудиот инцидент ги фрли во неверица фудбалските фанови од Холандија, но иако Херенвен не откриваше детали, потврди дека Каиб нема да може да игра фудбал на наредните неколку меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни