Бизарен ВАР „куршлус“ прекинал натпревар во Саудиска Арабија

var-odluka

Натпревар од првата фудбалска лига на Саудиска Арабија неколку минути бил во прекин, откако судиите во ВАР собата алармирале дека останале без електрична енергија.

Одговорните за ВАР проверка на дуелот меѓу Ал Наср и Ал Фат пред себе имале само црни екрани, по што официјалните лица решиле да го прекинат натпреварот додека не се реши проблемот.

Дека се работи за најбизарна причина за проблем со ВАР технологијата било откритието дека ВАР собата останала без напојување, бидејќи еден од вработените на стадионот решил да го искористи приклучокот за да ја наполни батеријата на својот мобилен телефон.

Информацијата ја објави угледниот медиум „Ал Ријадија“, кој пренесува дека ја добил од свои извори откако првиот човек на судиската комисија, Шпанецот Фернандо Тресако, поднел извештај до претседателот на федерацијата за техничките проблеми со ВАР кои се појавиле на неколку натпревари.

Facebook Коментари