Поврзете се со нас

Балкан

Бизарен потег на словенечки скијач: Се закопа жив за да ја покаже љубовта кон Марибор (Видео)

Објавено

на

Фудбалот и спортот воопшто биле причина за многу бизарни ситуации, а една од оние кои сега станаа вирални на социјалните мрежи стигнува од Словенија.

Познатиот словенечки скијач, Клемен Коси, решил уште еднаш да ја потврди големата љубов кон фудбалскиот клуб Марибор, кој има лош почеток на сезоната и е закован на дното во домашното првенство.

Како одговор за сите кои го „закопаа“ клубот поради серијата резултати, Коси решил буквално да се закопа жив, за да испрати порака за начинот на кој се сака омилената екипа.

Марибор има една победа и три порази по воведните четири рунди, а последниот пораз го забележа во дербито со Олимпија на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни