Поврзете се со нас

Балкан

Бизарен крај на финалето на српскиот куп: Гобељиќ ги соблече шорцевите пред Стојковиќ (Видео)

Објавено

на

Српското фудбалско дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан традиционално носи многу провокации и чести пресметки на теренот, а исклучок не беше и вчерашното финале на купот.

Црвено-белите победија откако беа подобри на пенали, но самата пенал серија беше кратко прекината поради мешаницата која настана по дуелот на Стојковиќ и Крстовиќ.

Откако екипите се смирија, Борјан одбрани два пенала на фудбалерите на Партизан, а потоа следуваше уште еден бизарен потег, по кој настана нова мешаница на теренот.

Овој пат причината беше потегот на Марко Гобељиќ кој ги соблече шорцевите пред ривалскиот голман Владимир Стојковиќ.

Членот на Црвена Звезда со потегот алудираше на контроверзната изјава на Стојковиќ дадена пред финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни