Поврзете се со нас

Македонија

Бизарен гол во 91. минута ги збуни и судиите, Силекс на драматичен начин го победи Вардар (Видео)

Објавено

на

Седмото коло во Првата македонската фудбалска лига беше затворено со дерби пресметката меѓу Вардар и Силекс, натпревар кој се играше во вечерен термин на националната арена „Тодор Проески“.

Силекс беше за нијанса поконкретен и имаше подобри шанси во второто полувреме, но кога се чинеше дека кратовчани нема да добијат награда, добија еден поклон од потесната одбрана на Вардар.

Кога сите очекуваа крај на натпреварот, дефанзивците на Вардар сами ја закомплицираа работата и му ја подарија топката на Додев, па иако голот првично беше поништен поради офсајд, линискиот судија го киригираше Пилешков.

Исфрлањето беше од играч на Вардар и топката исто така се одби од домашен фудбалер, па затоа позицијата на Додев беше регуларна и голот беше праведно признат.

Со оваа мала судиска драма се стави точка на натпреварот, па додека гостите од Кратово славеа, фудбалерите од Скопје бараа дополнително објаснување од арбитрите.

Видеото од бизарната ситуација погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни