Поврзете се со нас

Македонија

Битолчани видоа две победи на Пелистер во ист ден

Објавено

на

Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 издвојуваа победи на денешните средби кои се одиграа во спортската сала „Боро Чурлевски“ во рамките на првото коло од Суперлигата.

Први својата задача ја завршија избраниците на Александар Јовиќ кои беа подобри од амбициозната екипа на Тиквеш со 28:23. Уште во првиот дел составот на Еурофарм Пелистер 2 направи предност (17-11) која потоа ја одржуваше и дојде до заслужен триумф.

Македонскиот вицешампион Пелистер пак до надигра Скопје со 32:17 (17:6). Најефикасни беа Ненад Костески со шест и Гоце Ојлески со пет погодоци, додека кај поразените се истакнаа Леонид Киселовски и Игор Трајковски со пет, односно четири гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни