Поврзете се со нас

СЕХА лига

Битолчани подобри во пенал рулетот, Пелистер за првпат ќе игра на завршниот турнир во СЕХА лигата

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер за првпат во својата историја ќе игра на еден завршен турнир во СЕХА лигата, резултат до кој дојде откако вечерва во една драма која заврши со изведување на пенали славеше над Мешков Брест.

Многу борба водеа македонскиот и преставникот на Белорусија, македонскиот вицепрвак некако постојано беше чекор два пред противникот, но на крајот дојде до вистински трилер во кој во завршните седум секунди паднаа по еден погодок на двете страни за конечни 23-23 по 60 минути игра.

Ова значеше дека ударите од седум метри ќе го решат патникот за Задар, а како подобар се покажа домаќинот кој преку голманот Лесјак ја имаше клучната интервенција за голема радост на многубројните навивачи во Битола.

Пеплистер во полуфиналето во Задар ќе се соочи со Веспрем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни