Поврзете се со нас

АБА лига

Битолчани ја загубија драмата во Сараево: Екс-играч на МЗТ го реши Пелистер (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер претрпеа уште еден тесен пораз во АБА2 лигата, овојпат против тимот на Златибор кој во драматична завршница се избори за славје од 85-83 во „балонот“ во Сараево.

Битолчани ги загубија првите две четвртини, но во вториот дел се вратија во игра и се влезе во неизвесна завршница во која избраниците на Илиевски беа на добар пат да се изборат за продолжение (83-83), но на една секунда до крајот екс играчот на МЗТ Скопје, Немања Протиќ погоди за 85-83 по што го промаши дополнителното слободно фрлање.

На крајот преку целиот терен се обиде Ѓуроски да промени нешто, но тој обиде заврши безуспешно што значи дека Пелистер со три порази го заврши овој мини турнир во БиХ.

Малешевиќ со 30 поени и Кесар со 23 беа први стрелци кај нашиот претставник, Протиќ пак со 21 кош беше најпрецизен кај победникот.

Пелистер со учинок 1-6 е во долниот дел на табелата во АБА2 лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни