Поврзете се со нас

Европски купови

Битола подготвена за лидерот во Бундеслигата: Доаѓаат изморени и тоа е нашата шанса

Објавено

на

Еурофарм Пелистер има половичен успех од една победа и еден пораз во првите две кола во ракометната Лига на Европа, натпреварување кое продолжува утре со редовното трето коло.

Македонскиот претставник ќе има навистина тежок испит и во Битола ќе игра против германскиот претставник Фуксе Берлин, кој влегува со блага улога на фаворит, свесен дека ќе мора да го преживее „пеколот“ во салата Боро Чурлевски.

– Имаме многу проблеми во овој момент. Суси само што се оперираше, Руди чека на операција и дава 200% од себе. Чувствува болка, но уште игра. Хосни е надвор од тимот, Костески против Радовиш не настапи, Себастијан Хенеберг е пак со нас по една недела болест. Не знам колку од овие момци ќе играат во вторник. Ни треба поддршка, затоа што ќе биде тешко.

– Ќе дадеме што имаме и верувам дека со помошта на луѓето во Битола ќе бидеме достојни. Ќе биде многу тешко, Фуксе Берлин е број еден во Бундеслигата, брз тим се. Играа во неделата и можеби нема да бидат во полна сила. Два дена по нашиот натпревар имаат натпревар со Рајн Некар Левен. Можеби тука е нашата шанса. Можеби 10% ќе бидат послаби, ќе бидат изморени, ќе мислат на следниот натпревар. Ние треба да го дадеме најдоброто од нас, да одиграме 60 минути и ако го направиме тоа – можеби ќе извлечеме нешто. Во оваа сала сè е можно, – изјави Ларс Валтер, тренерот на Пелистер.

– По кратка пауза ни доаѓа еден екстремно силен тим од Бундеслигата. Фуксе Берлин оваа година е конкурент за освојување на шампионатот на Германија и конкурент за трофејот од Европската лига. Се подготвуваме максимално, ваков натпревар се игра пред полни трибини и тоа е мотив плус за нас. Имаме проблеми со повредени ракометари, но во вторник ќе се консолидираме и ќе го дадеме најдоброто од себе. Фуксе Берлин е склоп на ѕвезди, германски репрезентативци и интернационалци. Мислам дека се конкуренти за сите титули, играат брз ракомет, имаат одлична одбрана, потпомогнати со добри голмани. Тука е Милосављев, кој мислам дека две години е најдобар голман во Бундеслигата. Тие се сериозна екипа и треба и ние да сме подготвени, да имаме среќен ден и поддршка од публиката. Така може да ја израдуваме битолската публика и да направиме чекор напред во групата, – изјави Жарко Пешевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни