Поврзете се со нас

Англија

Битката за Северен Лондон им припадна на „топчиите“: Арсенал се врати од гол негатива и се избори за пресврт победа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал се навикна да го победува Тотенхем во последно време, а позитивната серија продолжи и вечерва на „Емирејтс“ во натпревар во кој главните возбудувања се случија во првото полувреме.

Гостите од истиот дел на Лондон први зададоа удар преку Хеунг Мин Сон и поведоа со 0:1 по 25 минути игра, но уште во тој момент беше јасно дека борбата и тензијата нема да застанат тука.

Арсенал тргна со полна пареа по израмнување и дојде до такво нешто користејќи го своето најсилно оружје, односно постигнувајќи гол по изведен прекин.

Карамболот заврши со автогол на Соланки за 1:1 во 40-та минута, но домаќините го искористија налетот за да постигнат и втор гол во краток временски интервал.

Тросар понесен од фановите погоди за 2:1 во 44-та минута и донесе целосен пресврт на теренот, па на крајот тоа се покажа и како клучен момент за обезбедување на победа и освојување важни три бода.

Истите го носат Арсенал на второто место на табелата, и тоа на четири бода од Ливерпул кој вчера ремизираше со Нотингем, но кој сепак има одиграно и еден натпревар помалку од тимот на Микел Артета.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни