Битката за северен Лондон им припадна на „топчиите“: Арсенал го скрши Тотенхем за 305 секунди (Видео)

mustafi

Фудбалерите на Арсенал излегоа како победници од големата градска пресметка со Тотенхем со која беше отворено 12. коло во Премиер лигата.

Домашниот состав повеќе ја посакуваше победата, покажа поголема борба, жар и дојде до заслужено славје од 2-0. Клучните моменти на „Емирејтс“ паднаа во првиот дел во самата завршница, прво Мустафи од сомнителна ситуација погоди со удар со глава на асистенција на Озил, предност која во 41 минута ја зголеми Санчез.

Сега Арсенал има 22 поени или само еден помалку од Тотенхем и Манчестер Јунајтед кој допрва треба да го одигра својот меч од актуелнава рунда.

Facebook Коментари