Поврзете се со нас

Формула 1

Битка за десетинки: Дуелот на Ферстапен и Хамилтон при пит-стопот на Британецот (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен излезе како победник во денешното надмудрување меѓу Ред Бул и Мерцедес, а триумфот во Франција му донесе зголемување на предноста во генералниот пласман на 12 поени во однос на Луис Хамилтон.

Иако второто влегување во бокс се покажа како клучно за победата на Ферстапен, сепак огромно значење имаше и првиот пит-стоп, по кој возачот на Ред Бул се врати на првото место и направи одредена разлика пред да го изненади противникот со нова промена на пневматиците.

Беше јасно дека првото влегување во бокс ќе донесе неизвесна борба за првото место, а се покажа дека Хамилтон за малку испушти да ја одржи лидерската позиција и оттука како да започнаа лошите вести за него на „Пол Рикар“.

Формула 1 на социјалните мрежи објави комбинирано видео од кругот на Ферстапен и реализирањето на пит-стопот на Хамилтон, при што се гледаза колку тесна борба се работеше во оваа ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни