Поврзете се со нас

Германија

Битенкурт со прекрасен гол го матираше Шалке и ја продлабочи кризата на клубот од Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Објавено

на

Три победи на четирите натпревари од терминот од 15:30 часот остварија гостинските екипи во рамките на 29. коло во Бундеслигата.

Една од нив беше дело на фудбалерите на Вердер Бремен кои славеа во Гелзенкирхен кај Шалке со 1-0. Погодокот вреден три бода беше ремек дело на Леонардо Битенкурт кој во 32 минута испрати максимално прецизен удар кој заврши во мрежата на голманот Нубел.

За Вердер ова беше 6. сезонски триумф, триумф кој е значаен во борбата за опстанок, додека пак Шалке продолжува да тоне, поточно од 17 јануари нема победа во домашниот шампионат.

Со истиот резултат гостински триумф оствари Хофенхајм над Мајнц, Ајнтрахт пак беше подобар од Волфзбург со 2-1, додека честа на домаќините ја спаси Херта со славје над Аугзбург (2-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни