Бисерот на сезоната е тука, авионите ќе летаат под мостот во Будимпешта!

Photographer Credit:
Predrag Vuckovic/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Predrag Vuckovic/Red Bull Content Pool

Авионските трки се присутни во Будимпешта од 2003 година и претставуваат своевидна класика во летниот период за унгарската престолнина, но исто така се бисер во круната што секој шампион би го посакал!

Будимпешта, Унгарија – Будимпешта се етаблираше како редовна станица во календарот на светскиот шампионат Red Bull Air Race: локација која е легендарна поради тоа што тука се возат трки од првата сезона на овој спорт, а особено е карактеристчна тркачката патека на која авионите поминуваат под познатиот мост „Ланчид“. Секој пилот сака да има победа во Будимпешта во своето резиме, и секој тим знае дека таа победа на четвртата станица од календарот со осум трки му дава засилување во важен момент од сезоната.

Најдобрите 14 светски пилоти се испреплетени со изнедначени резултати од врвот до самото дно на табелата. Овие летови од 370 километри на час не можат да се толкуваат поинаку освен како жестоки. Илјадници гледачи – меѓу кои и Петер Бешењи, унгарскиот ветеран и еден од идејните творци на Red Bull Air Race – ќе бидат фокусирани на дуелот во кој Австралијанецот Мат Хол и Американецот Мајкл Гулијан се борат за превласт на врвот од табелата, бидејќи во моментов се изедначени, секој има по 36 поени. Хол бил двапати втор во светскиот шампионат, но победи во последните две трки и сега сака да постигне хет-трик над Дунав. Гулијан, пак, има најдобар почеток на сезоната во својата кариера, со трофеи од досегашните трки за прво, второ и трето место. И двајцата веќе се искачиле на подиумот во Будимпешта, со тоа што Американецот беше победник во 2009 година.

Изнедначени меѓу себе се и вечните ривали кои завршија како прв и втор во светскиот шампионат од 2017 година, Јапонецот Јошихиде Муроја и Чехот Мартин Шонка. Тие се на 17 поени од првите двајца, секој со по 19 поени, и сигурно со нетрпение очекуваат да се одвојат еден од друг, и да се осигураат дека водачите нема да им избегаат од дофат. Истото важи и за Германецот Матијас Долдерер, кој триумфираше во Будимпешта на патот кон освојување на својот светски шампионат во 2016 година, и за полетниот млад Французин Мика Бражо, обајцата со по 15 поени.

Но, никој на табелата немаше повеќе среќа при летањето над Дунав од американскиот пилот Кирби Чемблис, со шест подиуми во Будимпешта, меѓу кои и две победи.

– Будимпешта беше втората трка во историјата на спортот, и затоа таа отсекогаш била посебна за мене,- вели двократниот освојувач на титулата на Red Bull Air Race, кој со осмото место на табелата ќе биде нетрпелив да ја повтори својата победа во престолнината од 2017 година. – Градот е толку прекрасен – но како пилот, никогаш не знаете што ве чека кога летате над водата. Ветрот и условите кои можат да се создадат таму ја прават оваа патека доста тешка. Едвај чекам да се вратам таму!

Преку официјалната веб страна www.redbullairrace.com ќе можете да се информирате за најновите вести и резултати, а исто така и да следите пренос од целиот настан. В сабота на 23 јуни квалификациите за пилотите од „Мастер“ класата се во 16 часот, додека елиминациските трки в недела се закажани со почеток во 13 часот. Најдобрите 8 ќе летаат во втората рунда од 15 часот, а најдобрите 4 во последната рунда од 15.30 часот.

Преостанати трки за 2018:

25/26 август: Казан, Русија

15/16 септември: Виенер Нојштад, Австрија

06/07 октомври: Индијанаполис, САД

00/00 ноември: дополнителна локација

Facebook Коментари