Поврзете се со нас

Италија

Бисерот на Милан со нов магичен гол ја воодушеви јавноста (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/MattiaBarzaghi

Милан во своите редови има еден од најголемите таленти во светот на фудбалот, Франческо Камарда кој веќе со 15 години дебитираше за првиот тим на „росонерите“.

Секако тој допрва ќе треба да се избори за своето место, статус во сениорскиот тим, меѓутоа Камарда е огромен талент и тоа веќе го потврдува со настапите за Примеавера тимот на „црвено-црните“ каде успеа да постигне специјален погодок во соочувањето со Калјари.

Италијанецот фантастично прими една топка, па мајсторски се ослободи од еден противнички играч по што следуваше рутинска завршница.

Ова момче во месец март ќе го прослави 16 роденден што доволно говори дека се работи за играч кој може да одбележи една ера во дресот на Милан, италијанската репрезентација и воедно во фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни