Поврзете се со нас

Италија

Бисек направи почетничка грешка и му го уништи шоуто на Тирам (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер не ја стартуваше новата натпреварувачка сезона според планот и киксна уште во првото коло во Серија А, и тоа на теренот на кој не знае за победа на три гостувања во низа.

Џенова е значително ослабена во оваа фаза од месец август поради заминувањата на Гудмундсон и Ретеги, но и во такви услови, домашниот тим на Џилардино се бореше до последен атом од силите и на крајот доби награда.

Тимот од Мараси поведе на денешниот меч и го „стресе“ Интер преку Волјачо во 20-та минута, ситуација во која доста лоша проценка имаше и голманот Јан Зомер.

Ова беше јасно предупредување за тимот на Симоне Инѕаги и Интер мораше да реагира на теренот, а по 10 минути игра во продолжението, Маркус Тирам израмни на 1:1.

Французинот го продолжи своето шоу и со мајсторска реализација погоди за 1:2 во 85-та минута, но Џенова го имаше последниот збор и израмни на 2:2 во 96-та.

Бисек направи почетничка грешка и му подари пенал на домашниот тим, а одговорноста ја презема Жуниор Месијас. Напаѓачот на Џенова не реализираше од прва, но одбиената топка му се врати на нога и погоди за конечни 2:2 на „Луиџи Ферарис“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни