Поврзете се со нас

Свет

Бироф отворено најави кој е фаворит за наследник на германскиот селектор Лев

Објавено

на

Јоаким Лев ќе ја напушти селекторската функција во германската фудбалска репрезентација по крајот на Европското првенство, а јавноста веќе шпекулира со неговиот потенцијален наследник.

Главен фаворит е Ханси Флик, актуелниот тренер на Баерн Минхен, кој исто така веќе најави напуштање на актуелната функција.

Дека Флик е најблиску до селекторското место, потврди и директорот на репрезентациите во рамките на германската федерација, Оливер Бироф.

– Флик може да се смета за фаворит за позицијата, патот за преговори со него е откриен. Го познавам лично и мислам дека ќе биде одличен избор за нов селектор, – изјавил Бироф.

Бироф најавил дека официјалната одлука ќе биде донесена пред почетокот на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни