Поврзете се со нас

Италија

Бирхов: Никој не очекуваше две победи на Милан, тие не можат да прават повеќе грешки

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан забележа два порази во првите два натпревари во Лигата на шампионите, првиот од Ливерпул на „Сан Сиро“, а потоа од Баер Леверкузен на „БајАрена“.

„Росонерите“ имаат гол разлика 1-4 и се дури на 32 место од вкупно 36 екипи во новиот формат на елитното натпреварување. Клубот од Милано ќе мора да биде на повисоко ниво на следните шест средби ако сакаат да се пласираат во следната фаза, средби на кои според Оливер Бирхов не се дозволени никакви грешки.

-Милан не беше толку лош [против Леверкузен], особено во второто полувреме. Мислам дека ремито ќе беше поправедно. Милан беше малку претпазлив во првото полувреме. Требаше подобро да ги користат контра нападите бидејќи имаше простор. Мислам дека имаа можности да направат повеќе проблеми.

-Им недостига малку креативност во нападот. Мојот Милан беше тим составен од шампиони, кој победи благодарение на забавниот стил на игра. Ова е друга група, но сигурно е организирана и можевме да ги видиме нивните идеи во второто полувреме, -вели Германецот и додава:

-Новиот формат може да им помогне да се опорават. Ништо не е загубено бидејќи има уште 18 бодови на располагање. Распоредот на натпревари не им помогна на росонерите бидејќи Ливерпул и Баер се два цврсти противници. Тешко беше да се замислат две победи, но ако Милан одигра како во вториот дел против Баер, сигурно ќе се пласира понатаму. Од сега па натаму, тие не можат да прават повеќе грешки, -подвлече некогашниот напаѓач на италијанскиот великан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни